Утрински Весник
Македонија

Кајмаковски во болница, поранешната сопруга му дала кафе и му се слошило

D545f6c9 674b 4140 9f62 4ade2e84c5bb
Ss2

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Му се слошило по средба со поранешната сопруга на која таа му дала кафе во кое тој се сомнева дека имало дрога.

МВР потврди дека Кајмакоски бил примен во болница и дека се работи на расчистување на случајот.

Ss1

„Вчера во 13,00 часот во полициска станица Центар од Комплекс клиники ’Мајка Тереза’, било пријавено дека кај нив бил примен Д.К.(38) од Струга, по чие што кажување додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени наркотични средства. Жената била повикана во полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете но воопшто не пиеле кафе. Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи. Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „А1он“.

Извор: А1он

Ss1

Можете да прочитате

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“

Еве кои денови се неработни наредна недела

Столе Попов добитник на годинашниот „Златен објектив“ на Кинотека