Утрински Весник
Македонија

Кафуле во Струмица заработи пријава поради непочитување на мерките

СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и против управителот И. В. (45) од Струмица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

На 26/27.9.2020 пријавените постапиле спротивно на протоколот за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти за исхрана, така што на повеќе маси за стоење, околу кои биле присутни повеќе лица, без да има доволно столови за сите, било извршено послужување, а на сите маси немало дезинфекциски средства и не се носеле заштитни маски на лицето, соопшти полицијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Николоски: Ненад Савески е личност со искуство што ќе испорача правда

Украл автомобил од двор па го возел без дозвола, уапсен маж од Валандовo

Петровска: Мнозинството одби закон за електронски нараквици за заштита на жените