Утрински Весник
Спорт

Касемиро: Реал силно сака да ја освои титулата

Касемиро: Реал силно сака да ја освои титулата

Мадрид, 29 јуни 2020 (МИА) – Јунакот на Реал Мадрид во синоќашната победа на гостувањето кај Еспањол (1:0), Касемиро му се заблагодари за асистенцијата на Бензема и порача дека неговиот тим силно го посакува трофејот во Ла Лига.

Бразилецот постигна гол откако по додавање со петицата од страна на Карим Бензема.

– Овој гол му припаѓа на Карим. Ние сме навикнати на нивото на кое тој игра. Морав да славам со него, бидејќи тоа е негова заслуга. Ги знаеме неговите способности и затоа ја добив топката – знаев дека може да ме најде, изјави Касемиро.

Ние сме фокусирани на самите нас. Средбата со Еспањол за нас веќе е во минатото. Сега размислуваме за Хетафе. Намерата ни е да победиме на секој натпревар. Имаме долг пат, но знаеме дека секоја средба е со тежина на финале. Ние сакаме да ја освоиме оваа лига, додаде бразилскиот фудбалер. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство