Утрински Весник
Македонија

Касами за МИА: Гаранција сме дека изборната програма на коалицијата „Можеме’’ ќе се имплементира

Касами за МИА: Гаранција сме дека изборната програма на коалицијата „Можеме’’ ќе се имплементира

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Движењето Беса ќе бори до крај за имплементација на изборната програма која произлегуваа од коалиција „Можеме’’. Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами во интервју за МИА, наведува дека тие како политичка партија ќе бидат стабилни и доследни до крај на имплементација на изборната програма.

– Ние ќе бидеме гаранција дека оваа изборна програма нема да биде само еден предизборен памфлет, кој веднаш по 15 јули ќе се заборави и ќе се стави во фиока.  Силно ќе останеме зад нејзината имлементација, поради тоа што јавноста е запознаена дека и како опозиција ние имавме еден договор со Владата, јавно објавен на нејзината веб-страница, и ние притискавме тој договор да се почитува и така се случи. Ние ќе бидеме гаранција дека ќе се почитува изборната програма и ќе се реализира, исто како што бевме гаранција дека ќе се почитува договорот кога бевме во опозиција, изјави Касами.

Решавање на инфраструктурните проблеми, изградба на водоводна и канализациона мрежа се исто така дел од заложбените кој Движењето Беса, се обврзува дека ќе ги реализира ако биде дел од идната власт.

Касами во интервјуто за МИА дава гаранција дека по 15 јули промената ќе стигне и кај Албанците и дека тие ќе видат промените во нивниот секојдневен живот.

Во продолжение следува целото интервју со претседателот на Движењто Беса, Билал Касами:

Изборната кампања почна, политичките партии веќе почнаа со презентирање на своите програми. Вие настапувате како дел од коалицијата „Можеме“. Накусо, ударно кажете ни ги петте клучни работи со кои ќе ги привлечете гласовите на граѓаните?

– Како прво, дозволете ми да ви се заблагодарам што ме поканивте за да можам да ја претставaм нашата понуда пред граѓаните. Ние како Движење Беса, како што споменавте, за прв пат презедовме еден храбар чекор за да бидеме дел од предизборна коалиција и на отворен и транспарентен начин на граѓаните да им ја претставиме нашата понуда и не како досега кога политичките субјекти главно оние албанските, правеа постизборни коалиции, но никогаш тие коалиции не биле познати за јавноста и секогаш јавноста имала горчлив вкус на тоа како се води битка за делење на министерските и директорските позици.

Ние како Движење Беса без политички пресметки, но за интересот на граѓаните влеговме во оваа коалиција затоа што сметаме дека граѓаните треба да се чувствуваат слободно, да се чувствуваат еднакво во оваа земја и затоа ние како Движење Беса сме важен дел на промените во оваа земја кон интеграцијата во ЕУ и во НАТО.

Во тој поглед, ние на младите им гарантираме подобар живот, им гарантираме дека својата иднина ќе ја гледат во својата татковина, на луѓето на средна возраст им гарантираме сигурно и стабилно место каде можат да ја создаваат својата иднина, да ги градат своите семејства, а на постарите, на пензионерите им нудиме да имаат мирен живот со своите семејства и да можат да ги поминат пензионерските денови колку што е можно подобро.

Коалицијата „Можеме” e таа што постигна Македонија да стене членка на НАТО и сега секако во овие четири години ќе бидеме целосно посветени за земјата да биде што поблиску до Европската Унија и кога велам што поблиску до ЕУ, како дел од програмата ја имаме во овој мандат, да отвориме најмалку 80 проценти од поглавјата за пристапување во ЕУ. Со ова, сигурни сме дека не само формално, туку и реално ќе го подобриме животот на граѓаните на тој начин како што успеавме да обезбедиме стабилност на економијата на земјата, со тоа што ја направивме Македонија членка на НАТО и кога сум тука сакам да појаснам пред јавноста дека Движењето Беса од опозициската позиција успеа да има одлучувачки глас.

Со СДСМ потпишавте заедничка Декларација за заеднички настап на овие избори. Што е тоа што ве спојува за заеднички пристап, дали мислите дека ова ќе ви донесе повеќе гласови или, пак, можеби ќе предизвика отпор кај албанските гласачи?

– Најмалку беше претензијата за да освоиме повеќе гласови. Целта беше ние со СДСМ да бидеме во еден глас околу понатомошно патување на Македонија кон интеграцијата во НАТО и во ЕУ. Двата гласа на Движењето Беса од опозиција беа клучни за Македонија да ги реализира уставните промени каде ние воведовме и некои прашања за Албанците и се договоривме со СДСМ во личните карти да биде наведена и етничката припадност, во овој случај албанска припадност. Ова беше тоа што нè поттикна дека и покрај разликите меѓу нас и СДСМ, да оцениме дека со СДСМ може да го реализираме тоа за што ќе се договориме, затоа што од друга страна беше можноста да се врати уште еднаш владењете меѓу ВМРО и ДУИ, нешто што не го посакуваат Албанците. Влеговме во оваа коалиција заради финализирање на процесот на интеграција во ЕУ, но воедно и да им овозможиме на албанските граѓани промена на власта, поради тоа што во 2016 година промените во македонскиот блок дојдоа со поддршка од Албанците, но кај Албанците остана другиот дел од власта ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Ние сме сигурни дека со оваа коалиција ќе ја направиме промената и кај Албанците.

По потпишувањето на коалицијата вие отпатувавте за САД, каде реализиравте низа средби со разни личности, од кои добивте поддршка за остварената коалиција. Во едно интервју за МИА рековте дека досега во нашето политичко милје сите политички партии, особено партиите на Албанците се држеле до националистичка реторика пред изборите, а потоа забораваат и влегуваат во неприродни комбинации. Каква е вашата реторика сега?

– Ние во оваа кампања не влегуваме со националистичка реторика, иако ние не го исклучуваме и прашањето дека мултиетничноста на Македонија треба да се одразува во и во државниот поредок . За нас најважен е економскиот развој што ќе овозможи работни места и ќе ја промени благосостојбата на граѓаните. Сигурно во овој мандат ние ќе бидеме посветени Македонија да биде поврзана со автопатишта со двете соседни земји Албанија и Косово на ист начин како што е поврзана со Србија и Грција. Значи, ние ќе бидеме посветени да има инвестици во инфраструктурата, во водоводни мрежи и канализации и промена на еколошките услови и во западниот дел на земјата, затоа што оценуваме дека досегашната власт на ДУИ за тоа не била заинтересирана. Ние ќе бидеме посветени Албанците во ова владеење да бидат светла точка на власта, а не како досега секогаш кога се споменувале албанските функционери се мислело на корупција и злоупотреба на службената должност. За сите овие прашања, за бескомпромисната војна со корупцијата, за економски развој, за благосостојба на сите граѓани, особено на Албанците ние добивме поддршка и од САД. Јавноста знае дека при мојата посета во оваа земја јас имав средба и со Филип Рикер, висок претставник на Стејт департментот, исто така во Конгресот, се сретнав со конгресменот Елиот Енгел и сето ова беше во функција на поддршка на овој голем, храбар чекор на Движењето Беса, за да имаме проширена коалиција за една евроатлантска иднина на Македонија, на Албанците и сите граѓани.

Господине Касами, вие во оваа кампања влегувате како опозициска партија, што ќе промените вие како партија во нашето општество, во рамките на коалицијата, доколку станете дел од власта?

– Со предизборниот договор ние им гарантираме на граѓаните еден транспарентен договор. Ние за прв пат имаме една декларација потпишана од една албанска и македонска партија. Ние имаме една јавна понуда, програма со која ќе натпреваруваме на овие избори, каде сигурно се опфатени и прашања за промена на живењето и на Албанците, како и за сите граѓани на Северна Македонија. За прв пат една во една предизборна коалиција Движењето Беса, од позиција на опозиција влегува да може во следниот мандат, од позиција на власта да го прави тоа што успеа да го стори од како опозиција. Ќе бидеме стабилни и доследни до крај на имплементација на изборната програма, ние ќе бидеме гаранција дека оваа изборна програма нема да биде само еден предизборен памфлет, кој веднаш по 15 јули ќе се заборави и ќе се стави во фиока. Силно ќе останеме зад нејзината имлементација, поради тоа што јавноста е запознаена дека и како опозиција ние имавме еден договор со Владата, јавно објавен на нејзината веб-страница, и ние притискавме тој договор да се почитува и така се случи. Ние ќе бидеме гаранција дека ќе се почитува изборната програма и ќе се реализира, исто како што бевме гаранција дека ќе се почитува договорот кога бевме во опозиција.

ДУИ излезе со мотото прв премиер Албанец, го промовираше Насер Зибери како нивни кандидат за премиер. Како ја оценувате оваа стратегија на ДУИ, дали сметате дека со овој потег ќе го привлече албанското гласачко тело или?

– Сметам дека самата идеја и концепт што го презентираше ДУИ за премиер Албанец е потценувачко, односно мислам дека по 18 години во власт на ДУИ, со корумпирани функционери, по 18 години на владење каде заштитен знак на владењето на ДУИ беа меѓуетничките конфликти, по 18 години кога Албанците уште не се рамноправни во оваа заедничка држава, ДУИ излегува со еден концепт за премиер Албанец, со што нас нè потценува како народ. Знаеме сите, и тоа најдобро го знае и ДУИ, дека премиер во Северна Македонија може да биде и еден Албанец или некој друг од која било етничка припадност. Но, во околностите во кои функционира Македонија, како мултиетничка држава, сигурно и политичките позиции што имаат врска со премиерот, се позиции што се договараат во рамките на политичките договори. За волја на вистината ова го има изјавено и самиот кандидат кој ДУИ го презентираше како нивни кандидат за премиер. Би било многу природно и многу реално доколку ДУИ од самиот почеток излезеше со овој кандидат за премиер, доколку не потенцираше дека нужно е дека тој ќе биде следниот премиер, само затоа што е Албанец. Затоа што на овој начин тие не само што не потценија, туку создават ситуација кога другите стануват против идејата да се имаа премиер Албанец. Не верувам дека може да има граѓанин во Северна Македонија што е против премиер Албанец, но сите се против идејата за овој премиер биде предложен од ДУИ. Се знае дека ДУИ може да понуди само корумпирани функционери, неспособни функционери и функционери што пред јавниот интерес ќе го гледаат интересот на ДУИ и нивниот лидершип.

Носител сте во Шестата изборна единица на коалицијата, кампањата ја почнавте од Зајас, од каде порачавте дека очекувате коалицијата „Можеме“ да освои 61 пратеник. Какви се вашите очекувања во однос на поделбата на гласовите меѓу албанските гласачи, ДУИ го деклариравте дека заминува во опозиција, ваш коментар?

– Ние како коалиција очекуваме да излеме победници во сите изборни единици, за прв пат ќе излеземе победници и во Шестата изборна единица, каде мнозинство се албански гласачи. Амбиентот што е присутен во сите албански зони на Шестата изборна единица, но и во другите изборни единици, ние сме силно убедени дека сега Албанците високо ја ценат оваа одлука на Движењето Беса, за да биде во една транспарентна и отворена предизборна коалиција со СДСМ и со сите други политички субјекти, над 25 на број, од сите етнички припадности со единствена цел да изградиме една еднаква држава за сите, исто како што имаме едно мултиетничко општество, да имаме и одразување и во државните институци, кои ќе бидат во служба на сите граѓани. Албанските граѓани ја разбраа оваа порака на Движењето Беса и поддршката од терен покажува дека ние ќе излеземе победници кај албанските гласачи. Како и во сите изборни единици каде очекуваме победа, ние сме убедени дека и во Шестата ИЕ, коалиацијата „Можеме’’ ќе биде победник, односно во албанските зони ние ќе бидеме албанска партија што ќе добие најмногу гласови. Во однос на бројот на пратеници ние сме убедени дека за прв пат ќе имаме еден чист мандат од 61 пратеник.

Колку пратеници очекувате да добиете како Движење Беса?

– Најважно е ние да добиеме 61 пратеник, поради тоа што договорот е да имаме едно заедничко владење. Во однос на позициите на Движењето Беса, нашите очекувања се дека ќе добиеме меѓу 7 и 10 пратенички места.

Пандемијата на КОВИД-19 предизвика за прв пат да имаме една поспецифична кампања, со почитување протоколи, со физичка дистанца и носење маски. Меѓутоа, политичките партии, вклучувајќи ве и вас, не се откажаа од директните средби со граѓаните. Како се грижите на тие средби сè да е согласно протоколите, што доколку работите излезат од контрола?

– Можеме да ви грантираме дека Движењето Беса е најодговорната партија во однос на организирање на досегашните средби, но гарантираме дека така ќе биде и до крајот на кампањата. Ние не може да бидеме среќни дека имаше политички партии кои за да креират лажно мислење, и на штета на здравјето на граѓаните организираа големи собири, настрана од сите протоколи на Министерството за здравство. Ние досега како Движење Беса доследно сме ги почитувале сите протоколи, иако се гледа дека ваквиот начин на кампања е заморен, затоа што треба да се организират повеќе средби, отколку еден голем митинг каде ќе се соберат пет илјади граѓани. Во оваа пригода ние сме ориентирани кон средби кои согласно протоколите не се повеќе од 30 лица во затворени простори, односно 50 лица на отворен простор. Со ова ние го зголемуваме интензитетот на средби, и во текот на денот имаме повеќе од 10 средби во разни градови и села. Вака ќе продолжиме до крај и во ниту еден момент нема да го загрозиме здравјето на граѓаните. За нас поважно од еден глас е да заштитиме еден живот.

Лажните вести и црната пропаганда претставуват современи предизвици како за медиумите така и јавноста, вклучувајќи ги и политичките партии. Која е вашата проценка, како ќе се води оваа кампања, кои се вашите очекувања?

– За жал, Македонија е позната и во глобални рамки како држава извор на лажни вести. Слушнавме дека ваквите вести биле и важен дел од претходната изборна кампања за претседател на САД. Слушаме дека и денес светските агенции ја сметат Македонија како значајна земја извор на лажни вести. Сето оваа е доказ на претходното владење на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои со цел да ја дефокусират јавноста од нивниот неуспех во однос на промената на животот на граѓаните и нивната економска благосостојба, креираа еден механизам многу силен на лажни вести. Последна ваква ситуација на ВМРО и ДУИ беше настанот во Куманово, каде знаме дека беше една многу тешка ситуација, каде под знак прашалник дојдоа сигурноста, стабилноста и иднината на државата. Сето тоа беше во функција на дефокусирање на јавноста од тоа што тие го направија во претходното владење. Ние ќе бидеме силно фокусирани за да ја отстраниме Македонија од создадениот имиџ на држава што креира лажни вести. Идната власт ќе биде транспарентна и ќе биде во функција на презентација на програмата, односно соочување со јавноста и критиката, и во ниту еден момент нема да се потпреме на создавање лажно мислење, за да ја лажеме или дефокусираме јавноста од некој евентуален неуспех. Ќе се соочуваме со реалноста, со нашите успеси и неуспеси, без да ја ставаме јавноста во заблуда дека е нешто друго од реалноста.

Пред неколку недели вие како Движење Беса поднесовте кривична пријава против АВМУ, но оттаму ви вратија дека сè е согласно Изборниот законик и дека вршите притисок врз нив. Може ли појаснување?

– За жал, оваа агенција беше последниот остаток од режимот ВМРО-ДУИ, и тие се обидуваа исто како и во време на режимот, наместо да бидат во служба на граѓаните, да бидат во служба на нивните газди. Се знае дека претседателот на АВМУ е избран од власта на Никола Груевски и тој продолжи да му служи, кој иако не е присутен во Македонија, продолжува да има влијание тука. Ние како Движење Беса не се согласивме со оваа одлука и притисок од страна на АВМУ врз визуелните медиуми, и ние согласно законот поднесовме во обвинителството пријава, која се надоврзува со нашето право како политичка партија, исто како со правото да имаме член во ДИК и во секое избирачко место, ние имаме исто право да бидеме застапени во медиумите, согласно законот, согласно Изборниот законик. Значи сите права и обврски на политичките партии согласно Изборниот законик произлегуваат од резултатите на последните изборни резултати и ова не може да го смени ниту АВМУ.

Владата на една од последните седници со уредба одлучи да го намали буџетот на политичките парти за 2020 година. Значи, од предвидените пет милиони евра, четири милиони отидоа во буџетот за борба против пандемијата на КОВИД-19.  Како овие кратења ќе се одразуваат на вашето работење, особено сега во изборна кампања?

– Значително ќе влијае оваа одлука на Владата, имајќи предвид дека Движењето Беса како опозициска политичка партија нема свои извори на финасирање, имајќи предвид и дека деловните активности се оштетени со оваа криза, и не може да очекуваме некое сериозно спонзорство за поддршка за политичките субјекти. Ние како Движење Беса ја поздравиме оваа одлуката на Владата и сигурно ќе бидеме солидарни со сите граѓани на Северна Македонија, и исто како во другите прилики, и сега треба да имаме целосна солидарност со најчуствителните слоеви на општеството кои можеби во сегашната ситуација имаат проблеми да обезбедат храна за денеска или утре. Затоа ние како Движење Беса, во ниту еден момент не може да претеднираме да ја имаме таа удобност што сме ја имале порано, во ситуација кога граѓаните се загрозени и имат суштински проблеми со обезбедување на основните потреби. Како една од четирите поголеми политички парти што ќе добие поддршка од буџетот за финансирање ние ја поздравивме таквата одлука.

За крај, ваша порака до читателите и гледачите на МИА?

– Гарантираме дека по 15 јули промената ќе стигне и кај Албанците, по 15 јули ќе видат промена за нивниот секојдневен живот. Ние ќе бидеме посветени Северна Македонија да ја направиме земја членка на ЕУ исто како што беше нашиот придонес за Македонија да стане дел од НАТО. Ако со членството во НАТО создадовме сигурност и стабилност што е предуслов за внатрешни и надворешни инвестици, ние гарантираме дека со членстово во ЕУ, граѓаните на Северна Македонија, особено младите, ќе имаат подобар живот во своите родни места и нема да имаат потреба да бегат низ светот. Тие ќе имаат подобра иднина во своите родни краишта.

Дали сте оптимист дека следната власт, која и да е, ќе го има тој успех да ја зачлени државата во ЕУ?

– Многу сме сигурни дека ќе бидеме максимално посветени за да отвориме поголем број од поглавјата, почнувајќи од поглавјето за правото, што претставува едно важно поглавје, со кое сме сигурни дека ќе создадеме еден систем на правото што ќе биде во служба на граѓаните и ќе биде важен предуслов за младите да се чуствуваат еднакво, сигурно и праведно во своите места.

Омер Џафери

фото: Фросина Насковиќ

снимател: Аслан Вишко

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“