Утрински Весник
Македонија

Касами: Беса ќе ја поддржи секоја одлука што ќе се донесе со консензус

Касами: Беса ќе ја поддржи секоја одлука што ќе се донесе со консензус

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Движењето Беса ја поддржува секоја одлука која ќе се донесе со консензус околу организација на парламентарните избори, рече претседателот на Движењето Беса, Билал Касами. Тој по средбата истакна дека на средбата кај претседателот на државата Стево Пендаровски, главно доминирал ставот како да се организират изборите, а да не се доведе во опасност здравјето на граѓаните.

– Периодот зад нас беше тежок. Исто и периодот што престои е деликатен. Затоа и на средбата, па и од овде апелираме до институците да ги олабават мерките околу движењето на граѓаните. Очекуваме од Владата на следната седница да донесе одлука за функционирање на неколку бизниси со цел граѓаните постепено се подготват од психолошки аспект за една понормална ситуација. Граѓаните исто така да ги почитуваат мерките за одржување физичка дистанца, рече Касами. оџ/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

СДСМ: Трипуновски не го почитува Законот за вино, свесно ги понижува и манипулира лозарите 

Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ избрани за нови јавни обвинители во ОЈО ГОКК