Утрински Весник
Спорт

Картер: Ако Леброн стигне до двоцифрен број на финалиња, тој ќе биде пред Коби на моето рангирање

Дванаесетти трипл-дабл оваа сезона за Леброн Џејмс

Вашингтон, 21 мај 2020 (МИА) – Ветеранот во НБА, Винс Картер, го смести Леброн Џејмс на третото место на списокот на врвни играчи, веднаш зад Мајкл Џордан и Коби Брајант.

Картер го кажа условот под кој Џејмс ќе го помине Брајант на неговата листа.

– Ако Леброн повторно стигне до финалето … Тогаш тој ќе заслужи уште поголема почит кај мене. Двоцифрениот број на финалиња, тоа е „лудо“, изјави Картер.

Џејмс има девет НБА финалиња, во кои три пати стигнувал до шампионскиот трофеј (со Мајами 2012 и 2013 година и со Кливленд во 2016 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина