Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Картараро: Второто место е еднакво на победа

Картараро: Второто место е еднакво на победа
300x250 opst2

Возачот на Јамаха, Фабио Квартарао, со голема насмевка на лицето, ја анализирал трката за Големата награда на САД. На патеката во Остин, победи Марк Маркез, пред Квартарао и Франческо Бањаја.

Со второто место, фрнцускиот возач, направи голем чекор кон освојување на титулата. Во генералниот пласман тој има 52 поени повеќе од Бањаја.

„Можете да замислите колку сум среќен. Завршивме одлична работа. Ми беше многу тешко во првите 12 кругови кога се обидував да направам разлика помеѓу мене и Хорхе Мартин. И успеав во тоа“, рекол Квартарао.

„Ова е најдоброто второто место во кариерата. Искрено, ова е подобро од победа, сега сум поблиску до целта. Многу е емотивно, останаа уште три трки, а јас имам повеќе од 52 поени предност. Сега размислувам поинаку, бидејќи се ближи крајот на сезоната. Прв пат зборувам за ова, работите изгледаат навистина добро“.

Квартарао титулата може да ја обезбеди на 24.октомври. Доколку победи во Мизано ќе стекне недостижна предност.

> Картараро: Второто место е еднакво на победа <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН