Утрински Весник
Спорт

Кари го растури Орландо, Хјустон без одговор за Батлер

Кари го растури Орландо, Хјустон без одговор за Батлер
300x250 (7)

Кошаркарите на Мајами, Голден стејт, Портланд, Индијана и Бостон, изминатата ноќ, забележаа победи во НБА лигата. Индивидуално, се истакна Стеф Кари, кој постигна 10 тројки, во победата на Голден стејт над Орландо.

Џими Батлер, го предводеше Мајами до победата над Хјустон 101:94. Батлер мечот го заврши со 27 поени и по 10 скока и асистенции. Блиску до трипл-дабл беше и Бем Адебајо (10 поени, 13 скока, 8 асистенции). Кај Хјустон по 17 поени постигнаа Ерик Гордон и Џон Вол.

Ss1

Голден стејт славеа во дуелот со Орландо со 111:105. Вориорс постигнаа 19 тројки, 10 од нив уфрли Кари, кој натпреварот го заврши со 40 поени, 8 скока, 5 асистенции и 4 украдени топки. Вообичаено кај Орландо се истакна Никола Вучевиќ со 25 поени и 13 скокови.



Портланд во драматична завршница, со погодени четири слободни фрлања во завршницата ја победија Филаделфија со 118:114. Демијан Лилард постигна 30, а Кармело Ентони 24 поени.

На Филаделфија не и помогна Џоел Ембид (35 поени, 9 скока).

Резултати:

Бостон-Торонто 120:106
Хјустон-Мајами 94:101
Детрои-Индијана 95:111
Голден стејт-Орландо 111:105
Портланд-Филаделфија 118:114

> Кари го растури Орландо, Хјустон без одговор за Батлер <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот

Серхи Роберто ќе потпише нов договор со Барселона

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами