Утрински Весник
Свет

Кардиналот го повика Џонсон да не ги затвора црквите

Кардиналот го повика Џонсон да не ги затвора црквите

Архиепископот од Вестминстер и поглаварот на католиците во Англија и Велс ја повикаа владата да не воведува повторно ограничувања за црквите среде рекордно зголемување на стапката на заразени со Ковид-19.

Податоците објавени во петокот, кои сугерираат дека сојот омикрон може да предизвика поблага болест од претходно доминантниот делта сој, поттикнаа шпекулации во Вестминстер дека Борис Џонсон ќе се спротивстави на наметнување дополнителни ограничувања во Англија по Божиќ.

Кардиналот Винсент Николс рече дека е јасно дека големите простори како црквите „не се места каде што се шири вирусот“.

„Искрено би ве повикал да не размислувате за повторно затворање на црквата и местата за молитва“, изјави надбискупот за Би-Би-Си пред полноќ во катедралата Вестминстер.

„Мислам дека оваа земја покажа дека луѓето можат добро да судат“, додаде тој.

„Во моментов велиме дека можеме да го разбереме ризикот. Знаеме што треба да направиме. Повеќето луѓе се разумни и претпазливи. Не ни требаат построги прописи за да нè научат што да правиме“, рече тој.

Можете да прочитате

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван