Доктор Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести вели дека нема да дозволи никој да ја оцрнува Комиисјата за заразни болести и нејзините членови и дека никогаш тој и неговата фамилија не биле мафијаши, ниту дека се продаваат за ситни пари, а во однос на прозивките од опозициската партија.
„ Во Комисијата сум член 26 години и кога другите партии биле на власт ние сме биле тука професионалци од областа. Сега не обвинуваат дека сме земале грдни пари дури дека за ситни пари се продаваме и дека сме мафијаши. Јас и мојата фамилија не се продаваме за ситни пари кои некој ни ги поттурнува. Ако некој треба да поднесе оставка треба да ни аргументира зошто. Ако сакаат нека донесат нови луѓе во комисијата лично ќе ги примам заутре во 8.00 часот. Нека повелат сите кои немаат доверба во Комисијата нека дадат свое стручно мислење. Не дозволувам никој да си игра со нашите фамилии, со увредите уперени кон мене и кон Комисијата, не давам влакно да ѝ фали. Таму има професионалци со 30 годишно искуство и не дозволуваме никој да не прави мафијаши и корумпирани. Велат сум имал баснословни пари, но ќе ви кажам дека имам кола стара 18години, еве ја тука паркирана и имам двособен стан , а не хациенда како што се пишуваше. Нека каже некој стручен, полиција, истражен орган дали имам земено екстра пари, што ми има потпишано комисијата, а јас да сум ги примил. Нека дојде меѓународна комисија тоа да го провери“ рече Караџовски.
Тој додаде дека комисијата ќе работи „до последните капки пот“ и дека нема да го остави населението на цедило.
Министерот Филипче пак ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да собере доблест и да не го блокира законот за заштита на населението од заразни болести, затоа што така ќе му наштети и на здравствениот систем и на граѓаните.
„ Опозцијата ако сакаше да помогне сега ќе имавме 16 болници. Тие Законот го блокираат и сега ние ги блокираме болниците кои можеше да останат чисти. Еве сега сакаат да го блокираат и Законот за заштита на населнието од заразни болести. Го одложија за една недела од нејасни причини. Кажаа дека имале некои работи кои треба да се дорасчистат , кажавме дека сме спремни да разговараме да доприцизираме и најдеме заеднички јазик, но ете законот се одложи за една недела. Искрено се надевам дека ќе соберат доблест и храброст , утре да го изгласаат законот“, порача министерот Филипче.