Утрински Весник
Македонија

Караџовски: Големите бројки на заразени се резултат на непочитување на мерките

Караџовски: Големите бројки на заразени се резултат на непочитување на мерките

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџоски смета дека зголемувањето на бројката на заразени со коронавирусот е резултат на непочитувањето на превентивните мерки, како неносење заштитни маски, непочитување на групирањето, и семејните собирања за ифтарските вечери и Рамазан Бајрам.

-На 25 мај имаше 16 случаи и тогаш започнавме со олабавување на мерките. Тој ден предложивме од утредента намалување на одредени мерки со кои го „ослободивме“ населението од  рестрикциите што ги имавме воведено. Меѓутоа, она што се случи по 26 мај, исклучиво согласно епидемиолошките анкети. Што досега сме ги направиле, се должи на тотално непочитување на одредени превентивни мерки што ги дадовме како препорака од Комисијата за заразни болести и министерот за здравство, а тоа се носење на заштитна маска, спречување на групирање повеќе од две лица што ни се удри како бумеранг заради непочитување на мерките за време на верскиот празник Рамазам Бајрам и ифтарските вечери коишто се случуваа во тој период, рече Караџовски на денешната прес-конференција во Владата.

Како што гледаме, додаде тој, од тој период бројот на заболените почнува да се зголемува.

– Меѓутоа, веднаш да ве потсетам епидемиолошки дека бројките 52, 62, 89 и 100 не се на денот Рамазан Бајрам, туку тоа се на деновите наназад што биле за кои ве учев неколку пати – инкубацијата на овој вирус е од 1 до 14 дена, просечно 5,7 дена. Така што бројката 52, 62, 89 и 100 се однесува на 7 до 10 дена наназад кога имавме непочитување на овие мерки, а коишто беа дадени во препорака на јавноста за да ги почитува овие мерки. Како што гледате, вториот бран ни се појави сега, рече тој.

Првиот човек на Комисија апелираше да се почитуваат мерките со цел државата полесно и побрзо да се справи со коронавирусот, оти тоа, рече е единствениот начин.

-Второ, ве молам да ги почитуваме мерките. Само со доследно почитување на овие мерки можеме да испливаме од оваа вода. Ве молам да не дозволуваме самите себе да си пресудуваме во моменти кога цела Европа и цел свет ги намалува сите мерки, а ние да стискаме односно да воведуваме нови рестрикции. Верувам дека 20-ина отсто од населението се уште не не сфаќа сериозно ниту нас, ниту болеста, рече Караџовски.

Ве молам, додаде тој „дајте, да сфатиме дека мерката за носење на заштитна опрема, дистанца од два метра е основата во цел свет. Никаде ништо се нема променето во овие мерките“. -Дајте да се здружиме сите заеднички и партии и политика и кои било други работи да ги тргнеме настрана, нагласи Караџовски.

Тој додаде дека Комисијата за заразни болести чиј претседател е тој изготвува свои протоколи и ги дава на министерот за здравство на усвојување на Влада. Ние, рече, сме стручно советодавно тело на министерот за здравство.

-Ние не сме влада на државава. Ние не сме луѓе коишто се директно инволвирани во донесувањето на одлуките. Главен кризен штаб на оваа држава ги донесува одлуките, рече тој.

Караџоски истакна дека добрата страна на ова зголемување е што најголем број на случаите се во познати кластери, кои како што рече се четириесеттина, како и тоа што има голем број асимптоматски случаи, или случаи со лесна клиничка слика, со помалку хоспитализации и помал број лица поставени на респиратор. сст/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кешишев со нова шокантна изјава: Палчо го натерал да го напише писмото во кое тврди дека не е виновен

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд