Утрински Весник
Спорт

Карагер: Ливерпул-Манчестер сити е најголемото англиско ривалство во историјата

Карагер: Ливерпул-Манчестер сити е најголемото англиско ривалство во историјата

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, а сега ТВ-коментатор, Џејми Карагер смета дека ривалството момеѓу Ливерпул и Манчестер сити е најголемото во историјата на англискиот фудбал, став кој предизвика голема дискусија во Англија.

Сити во недела на „Етихад“ ги пречекува Ливерпул во меч кој може да го реши шампионот во Премиерлигата, и Карагер вели дека фактот што тие два клуба се најдобри на светот, го става ривалството пред тоа на Манчестер јунајтед со Арсенал и Челси во Премиерлигата во 1990-тите и 2000-тите.

„Ливерпул VS Манчестер сити стана најголемото, најинтензивното и најквалитетното ривалство во историјата на англискиот фудбал. Сосема е уникатно. Првпат двата најдобри клубови во Англија се двата најдобри на светот, предводени од двајцата најдобри тренери на својата генерација. Веднаш можам да ги слушнам фановите на Манчестер јунајтед, Арсенал и Челси. Тоа беа вредни дуели. Многумина ќе кажат дека дуелите на Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер беа од ист квалитет, но ако ги споредиме европските натпреварувања, нема сличност. Дали Арсенал и Јунајтед беа најдобрите клубови во Европа тогаш? Пред Реал Мадрид, Јувентус и Милан? Не, Јунајтед-Арсенал беше локална, домашна мешаница“, пишува Карагер за „Дејли телеграф“.

> Карагер: Ливерпул-Манчестер сити е најголемото англиско ривалство во историјата <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина