Утрински Весник
Спорт

Карагер го повика Арсенал да го задржи Обамејанг

Обамејанг повторно му донесе победа на Арсенал, Себаљос со две асистенции
Dik 300x250 mk

Лондон, 4 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Џејми  Карагер смета дека Арсенал треба да го задржи напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг.

Карагер бара Обамејанг да остане во списокот на „топџиите“ дури и ако тоа значи дека следното лето играчот може да го напушти тимот бесплатно.

Четириесет и двегодишен Англичанец ја кажа оваа идеја во телевизиското шоу „The Football Show“.

Сегашниот договор на Габонецот со клубот истекува во летото 2021 година.

Во сезоната 2019/20, Обамејанг има 20 голови и една асистенција на 32 натпревари. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува цената на напаѓачот на 50,4 милиони фунти. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации