Утрински Весник
Спорт

Германија, Португалија и Русија претенденти за завршниот турнир во Лигата на шампионите

Германија, Португалија и Русија претенденти за завршниот турнир во Лигата на шампионите

Берлин, 4 јуни 2020 (МИА) – Финалето на фудбалската Лига на шампиони можеби нема да се одржи во Истанбул (Турција), пренесува „Билд“. Планирано е да се одржи мини-турнир, во кој ќе бидат вклучени натпревари од четвртфиналето, полуфиналето и финалето.

Според германскиот весник, Германија веќе се пријавила за домаќин на ваквиот турнир, додека Португалија и Русија планираат да го сторат тоа.

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) сака земјата домаќин да одвои четири стадиони во радиус од 100 км. Германија може да ја претставуваат стадионите на Ајнтрахт, Мајнц, Хофенхајм и Дармштат.

Претходно, Лигата на шампионите 2019/20 беше прекината поради пандемијата на коронавирус. Продолжението е предвидено за август, но конкретен датум не е објавен. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кристијано Роналдо доби спор против Јувентус, еве колку пари треба да му плати славниот клуб

Филаделфија избори плејофот – 24info.mk

Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол