Утрински Весник
Спорт

Капело ја призна грешката: Жоржињо е клучениот играч на Италија

Капело ја призна грешката: Жоржињо е клучениот играч на Италија

Легендарниот италијански тренер, Фабио Капело, признал дека имал погрешна проценка за репрезентативецот на Азурите, Жоржињо.

Натурализираниот Италијанец е еден од клучните играчи на репрезентацијата, на тековното Европско првенство. Лидер е според бројот на пресечени топки (21), поделил 371 додавање. Во додавањата речиси и да не греши (94 отсто успешност).

„Жоржињо е клучен човек на италијанската репрезентација. Признавам не верувам премногу во него. Но сега кога внимателно го гледам, ми стана јасно дека е играч кој знае да се постави и да ги насочува соиграчите. Италија не прима многу голови поради неговата способност навремено да интервенира кога противникот напаѓа“, рекол Капело.

Италија, на ЕП, стигна до полу-финалето. Утре од 21 часот ќе игра против Шпанија.

> Капело ја призна грешката: Жоржињо е клучениот играч на Италија <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина