Меѓу бројните гламурозни настани во рамки на филмскиот фестивал во Кан, на распоредот беше и еден со хуманитарен предзнак –amfAr гала – каде преку аукции се собираат финансиски средства што ќе бидат донирани за потребите на програмите за истражувања во борбата против Сида.
Десетици супермодели, актери и други славни личности не го пропуштија овој настан, па го привлекоа вниманието на медиумите во блескави тоалети, меѓу нив беше и Нина Добрев.
33-годишната актерка блесна на најгламурозниот настан на филмскиот фестивал, галата amfAr, која како и секоја година се одржува во Hotel du Cap-Eden Roc.
Таа се појави во друштво на своето момче сноубордер Шон Вајт.
Актерката, која се прослави со филмот The Vampire Diaries („Вампирски дневници“), блеска додека позира како бура во хотелот Du Cap-Eden-Roc.
Елегантниот црвен фустан со смело деколте во форма на солза ја истакнува нејзината фигура нa песочен часовник. Креацијата е без ракав од едната страна, додека од другата страна има подигнато рамо и долг ракав закачен на ракавица.
Традиционалниот настан е со хуманитарен предзнак. Преку аукции се собираат финансиски средства што ќе бидат донирани за потребите на програмите за истражувања во борбата против Сида.