Утрински Весник
Магазин

Канје Вест се расплака на својот прв митинг од претседателската кампања

Канје Вест се расплака на својот прв митинг од претседателската кампања

Во првиот митинг од претседателската кампања, раперот Канје Вест говореше против абортусот и порнографијата, потоа расправаше за политика со присутните. Во текот на емотивниот говор тој се расплака кога почна да зборува како татко му сакал да се откаже од него.

„Тој сакал абортус бидејќи бил презафатен. Мајка ми ме спаси,“ рече Вест со солзи во очите.

Вест (43), поранешен поддржувач на претседателот Доналд Трамп – кој ги остави гласачите да се прашуваат дали неговата кампања е оригинална или обид да добие публицитет кој ќе му помогне во рекламирањето и продажбата на музичките албуми и брендови облека – испорача конфузен но емотивен говор на митингот во Чарлстон, Јужна Каролина, место за свадби и конгресен центар.

Во говорот што траеше нешто повеќе од еден час, тој го осуди абортусот. Потоа коментираше за нееднаквоста и повика некои од присутните да говорат. Некои од неговите предлози и коментари предизвикаа конфузија кај присутните.

„Хериет Табмен всушност никогаш не ги ослободи робовите. Таа само направи робовите да работат за други бели луѓе “, рече тој коментирајќи ја економската нееднаквост.

Митингот, кој беше пренесуван во живо на Јутјуб и на локалните телевизиски станици, не разјасни дали Вест навистина се обидува да стане претседател. Кампањата што тој ја започна со твит на 4 јули, пропушти неколку рокови за да се појави на гласачките ливчиња во клучните држави.

На моменти, се чинеше како да сугерира дека е повеќе заинтересиран да упати неколку пораки отколку да ја добие функцијата претседател, коментираат медиумите.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Никој не може да им одолее: Ова се најсекси хороскопските знаци

Замастен црн дроб: Фактори на опасност и совети

Мбапе не може да вози автомобил обезбеден од Реал Мадрид