Утрински Весник
Македонија

Кангуловски: Најдобрата стратегија за вакцинирање во Македонија

Fe583bb5 3648 4d5b beee cdec1b73fc78

Според мене најдобрата стратегија за вакцинирање при дефицит на вакцини (а таква е глобалната состојба) и воедно најхрабрата и најпрагматичната и најчовечната е следната пишува Горан Кангуловски на својот фејсбук статус.

Иницијален едно-дозен режим на што поголем број на луѓе, за после 2-3 недели да доведе до некаков имунитет.

Примена на дво-дозен режим кај постари возрасни групи.

Придобивките од оваа стратегија се двострани:

Стеснет ланец на преносливост, што води до намалување на случаи со зараза и

Намален број на луѓе кадешто потенцијалната зараза ќе води до сериозна форма на болеста.

Во секој случај, некаков имунитет [10-30% намаленa ефикасност во споредба со две дози] кај многу луѓе е подобар од “дво-дозен” имунитет кај помала бројка на луѓе и далеку подобар од никаков имунитет кај голем број на луѓе.

Можете да прочитате

Исплатата на Мој ДДВ во тек, досега исплатени 552 милиони денари

Поминуваат каде ќе стигнат со телефон на уво или слушалки – Летаат казни за пешаци

Пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка