Утрински Весник
Свет

Канбера воведува карантин, откриен еден случај на коронавирус по една година

Канбера воведува карантин, откриен еден случај на коронавирус по една година

Австралиската престолнина Канбера воведува еднонеделен карантин откако е откриен еден случај на коронавирус, првпат во една година.

Карантинот стапува на сила денеска во 17 часот по локално време, пренесува Би -Би -Си.

Карантинот е за целата територија на австралиската престолнина, каде живеат околу 400.000 луѓе, бидејќи властите не знаат како лицето се заразило.

Жителите ќе можат да ги напуштат своите домови само од суштински причини, така што веќе има гужви во продавниците пред мерката да стапи на сила.

Австралија се обидува да го спречи ширењето на делта-сојот, па затоа веќе се воведени карантини во двата најголеми града, Мелбурн и Сиднеј.

Можете да прочитате

Лидерката на германската АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од шенген

Затворени училишта и канцеларии во Тајван поради обилни дождови во исчекување на тајфунот „Саудел“

Најмалку 30 загинати во одрон на депонија за отпад во главниот град на Гвинеја