Утрински Весник
Македонија

Канатларци ќе го реши деценискиот проблем со водата за пиење

Канатларци ќе го реши деценискиот проблем со водата за пиење
Ss2

Прилеп, 19 мај 2020 (МИА) – Прилепското село Канатларци со околу 2.000 жители, главно население од турска националност, очекува наскоро да го реши деценискиот проблем со недостигот на вода за пиење. Прилепската локална самоуправа направи елаборат, а од идната недела ќе почне дупчењето за нов бунар кој ќе донесе пет до седум литри вода во секунда.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски потврдува дека елаборатот е готов, а работите ќе почнат идната недела.

Img 5587

-Во Канартларци наголем проблем е водоснабдувањето. Општина Прилеп направи елаборат за дупчење нов бунар. Јавната набавка е завршена, избран е економскиот оператор, а идната недела ќе се дупчи за бунарот и за кратко ќе има вода за пиење за жителите на Канатларци, изјави Јованоски.

Според Емил Јанески, директор на прилепското јавно-комунално претпријатие „Водовод и канализација“ во моментов селото користи вода од бунар со дарежливост од 2,5 литри вода во секунда што не ги задоволува потребите.

-Според проектот на прилепската општина, се очекува новиот бунар да има дарежливост од 5 до 7 литри вода во секунда, што значи речиси четирпати повеќе од досегажните количества со кои сега се водоснабдува Канатларци. Реално, овој деценски проблем очекуваме да биде решен. Веднаш по добивањето на водоата од новиот бунар ќе биде проверена од Центарот за јавно здравје, објаснува Јанески.

Жителите кои велат дека од селото нема иселување, се живее главно од земјоделското производство, очекуваат проблемот да се реши зашто во моментов, поради недостигот, живеат со рестрикции за вода.

-Очигледно локалната самоуправа има слух да се реши долгорочниот проблем со водата за пиење, како и асфалтирањето на улиците, вели Мети Мамушоски претседател на месната заедница.

Прилепските локални власти најавија идната недела да се реконструира патната инфраструктура во селото во должина од еден километар. ем/мч/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани