Канада соопшти дека може да обезбеди повеќе нафта, гас и ураниум за да помогне во решавањето на глобалната енергетска криза предизвикана од руската инвазија на Украина.
Цените на енергијата драстично скокнаа бидејќи голем број земји се обидуваат да ја намалат зависноста од рускиот гас и нафта.
Канадскиот министер за природни ресурси, Џонатан Вилкинсон, рече дека многу земји „ветиле помош, исто како и Канада, со дополнително производство на нафта и гас“. Канада, четвртиот најголем производител на нафта, вети дека ќе пријави дополнителни 200.000 барели нафта.
Најголемата канадска компанија за нафтоводи, „Енбриџ“, соопшти за Би-Би-Си дека е „подготвена да стори сé што е можно за да ја зголеми енергетската безбедност на Северна Америка и Европа“.