Утрински Весник
Спорт

Канада нема да ги пушти своите спортисти на ЛОИ ако тие не се одложат

Канада нема да ги пушти своите спортисти на ЛОИ ако тие не се одложат
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Торонто, 23 март 2020 (МИА) – Канадскиот олимписки комитет (КОК) и канадскиот параолимписки комитет (ККП) дадоа изјава во врска со Олимписките игри во 2020 година во Токио, Јапонија. Тие бараат негово одложување поради пандемијата на коронавирус.

– КОК и ККП повикуваат на одложување на Игрите за една година и ние нудиме целосна поддршка да помогнеме во сите тешкотии што се појавуваат при трансферот. Нема ништо поважно од здравјето и безбедноста на нашите спортисти и меѓународната заедница. Не станува збор само за здравјето на спортистите, туку и за јавното здравје.

Ја донесовме тешката одлука да не ги испраќаме канадските екипи на Олимписките и Параолимписките игри во летото 2020 година. Ние сме во епицентарот на глобалната здравствена криза, што е многу поважно од спортот, се вели во соопштението на Олимпискиот и Параолимпискиот комитет на Канада.

Во случај Игрите да се одржат годинава, ова ќе биде трета Олимпијада без канадски спортисти. Канада не учествуваше во Атина (Грција) 1896 и во Москва (Русија, тогашен СССР) 1980 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025

Беќири: Шкендија на натпреварите покажа стабилност