Канада и САД им се придружија на Мексико и Катар во полу-финалето на Голд купот. Во четврт-финалето Канада ја победи Костарика, а САД беа подобри од Јамајка.
Канада со доминатна партија ја победи Костарика со 2:0. Хоилет го постигна првиот го во 18.минута, а пласманот на Канда во полу-финалето го потврди Еустакио во68.минута.
Американците се изнамачија во дуелот со Јамајка. Еден гол им беше доволен за пласман во полу-финалето. Стрелец беше Хоп во 83.минута.
Канада во полу-финалето ќе игра против Мексико, додека САД за противник ќе го имаат Катар.
> Канада и САД во полу-финалето на Голд купот <