Утрински Весник
Спорт

Канада е на чекор до пласман на СП

Канада е на чекор до пласман на СП

Фудбалската репрезентација на Канада е чекор поблиску до Светското првенство во Катар. Во дербито Канада ги победи САД со 2:0.

Канада дојде во водство со голот на ЈжКајл Ларин во седмата минута, а конечниот резултат го постави Сем Адекугбе во 95.минута.

Уште еднаш во овие квалификации, еден од јунаците на Канада беше голманот на Црвена звезда, кој имаше спектакуларна одбрана во 43.минута.

На три кола до крајот на квалификациите во Северна и Средна Америка, Канада води со 22 бода, четири повеќе од САд и Мексико и пет од Панама.

Во наредното коло, Канада ќе гостува во Ел Салвадор, а САД ќе го пречекаат Хондурас.

Од оваа квалификациска зона, првите три селекции ќе изборат место на СП, а четвртопласираната репрезентација ќе игра во интернационалниот бараж.



> Канада е на чекор до пласман на СП <

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk