Утрински Весник
Македонија

Кампања „Не се откажувај, барај правда!“

Кампања „Не се откажувај, барај правда!“

Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Коалицијата МАРГИНИ и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост ЕСЕ, со поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија започнаа кампања за промоција на Законот за бесплатна правна помош за граѓаните кои немаат доволно средства да започнат правна постапка за остварување на своите права.

Кампањата со слоган „Не се откажувај, барај правда!“ ги повикува граѓаните да побараат заштита на своите права и остварување на правда по институционален пат.

-Во наредниот период, преку видео спотови и кампања на социјалните мрежи, граѓаните ќе може да се информираат за Законот за бесплатна правна помош и за можностите за остварување на правото на примарна и секундарна правна помош. Кампањата има за цел да испрати порака дека државата може да осигура економски раст и развој, родова еднаквост и надминување на сиромаштијата само доколку се обезбеди пристапот до правдата и иницијативите за правно зајакнување како интегрален дел во постигнување на Целите за одржлив развој на Обединетите нации, велат организаторите на кампањата.

Кампањата, додаваат, се состои од два видео спота кои во наредниот период ќе се емитуваат на Македонската радиотелевизија и едно национално радио. Прикажуваат групи на луѓе секојдневно соочени со правни проблеми кои поради нивната слаба економска моќ, недовербата во институциите и системската дискриминација, многу ретко се решаваат да бараат заштита на своите права и остварување на правда. Кампањата повикува на остварување на правда по институционален пат. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јанев лично во Кочани: Проверува како Лазов избега од полициската станица – Секој пропуст ќе биде санкциониран

Ново видео ја вознемири Македонија: Група врсници физички нападна девојче

Државата не ги научи лекциите од трагедијата во „Пулс“ – системските слабости останаа