Утрински Весник
Економија

Кампања на ССМ за прогласување најдобра компанија на неделата

Кампања на ССМ за прогласување најдобра компанија на неделата

Скопје, 2 мај 2020 (МИА) – Сојузот на синдикатите на Македонија спроведува кампања за прогласување најдобра компанија на неделата. Еднаш неделно ССМ објавува кои компании се пример и кои треба да ги следат сите работодавачи во овој период.

Како што соопштија денеска, најдобра компанија за оваа недела е рудникот Саса.

-Во услови на здравствена криза која не смееме да дозволиме да се претвори во криза на пазарот на трудот, кога голем број на несовесни работодавачи најавуваат отпуштање на работниците, праќање на принуден одмор, намалување на платите, подметнување на спогодби за престанок на работниот однос за кои ССМ континуирано во изминатиот период предупредуваше, сметаме дека е важно да се информира за компаниите кои се пример и кои треба да ги следат сите работодавачи во овој период, се наведува во соопштението на ССМ. бт/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ бара намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5% и намалување акцизите за 50%

Левица: Наместо да се купат вакцини се чека донација која не се знае дали и кога ќе пристигне

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување