Утрински Весник
Македонија

Камионот од кој биле украдени два тона марихуана оставен на граничниот премин Блаце

Камионот од кој биле украдени два тона марихуана оставен на граничниот премин Блаце

 

Ова е камионот од чија приколка беа украдени 200 кутии со два тона канабис, а кој сега е оставен на паркинг на патот кон граничниот премин Блаце.

Кражбата на двата тона канабис се случи во петокот, а полицијата уште во саботата го лоцирала камионот, но без приколката.

Складот од каде била изнесена марихуаната бил со обезбедување и во дел од селото каде немало поголемо движење на луѓе, а движењето во тој реон и не било дозволено од безбедносни причини.

Погонот ги имал сите лиценци за производство на марихуана и преработка за потреби за производство на масло.

Полицијата синоќа започна голема акција во скопско Арачиново каде бил лоциран канабисот во количина од два тона, одземен од погонот во валандовско Јосифово.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Со Мицкоски Македонија е во ранг со Сомалија, велат од СДСМ

Ристески: Ако СДС беше сериозна партија немаше да си дозволи ваква деструктивност и ќе беше дел од лидерската средба 

СДСМ: Техничката влада мора да остане, условите во општеството се како во 2016 година