Утрински Весник
Магазин

Камерон Дијаз секогаш убава и природна

Камерон Дијаз секогаш убава и природна
Dik 300x250 mk

Камерон Дијаз докажува дека сè уште изгледа како филмска ѕвезда додека го промовира своето вино на социјалните мрежи, осум години откако се повлече од Холивуд.

Дијаз оваа година ќе наполни 50 години, но не изгледа ниту приближно на таа бројка.

Ѕвездата на „Ангелите на Чарли“ делува младешки со црвен кармин и кремаст џемпер, едноставна и ненаметлива, во едно од своите ретки појавувања на Инстаграм за да сподели нешто за своето вино, „Авелин“.

Таа сподели и видео „Сакај се себеси“ каде запали Goop Hands Off My Vagina свеќа (изум на Гвинет Палтроу) покрај шише со сопственото вино Aveline.

„Чисто, вкусно вино и познатата свеќа на ‘Гуп’ – совршени подароци за оние што ги сакате (вклучувајќи се и вие самите).

„А најдобриот дел, ‘Гуп’ ќе донира 35 долари од продажбата на секоја „Hands Off My Vagina“ свеќа во корист на проектот за репродуктивна слобода на Фондацијата ACLU. Да наздравиме за ова!“

Една од најатрактивните актерки на Холивуд пред осум години се повлече од актерството за да се посвети на мајчинството и семејството.

Можете да прочитате

Потребни се донации: Двајцата родители останале без работа, а имаат 9 месечно бебе и се во многу лоша состојба

Славски колач за Света Петка – црковен рецепт стар со векови

Кога треба да ставиме зимски гуми