Утрински Весник
Спорт

Калчомеркато: Интер го носи Алаба на „Џузепе Меаца“

Калчомеркато: Интер го носи Алаба на „Џузепе Меаца“

Давид Алаба би можел во преодниот рок да го засили Интер пишува италијанскиот новинар Иван Реџани. Австриецот е играч на Баерн од 2008 година, а за првиот тим настапува од 2010 година.

„Колку што ми е познато Алаба заминува од Баерн, мислам дека Интер заврши голема работа со неговиот трансфер. Мислам дека помеѓу Алаба и Интер постои договор. Интер ќе го донесат за наредната сезона“, изјавил Реџани за „Калчомеркато“.

Доколку тврдењата на новинарот е точни тогаш Интер ќе донесе уште еден квалитетен играч на бековските позиции, минатата недела тимот од Милано за 40 милиони евра од Реал го реализираше трансферот на Ашраф Хакими кој последните две сезони како позајмен играч го носеше дресот на Борусија Дортмунд.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Адеми погоди Динамо Загреб слави нова шампионска титула

МЗТ Скопје без проблеми стаса до финалето во мак-баскетот каде ќе ја брани титулата

Барнли по една сезона во Премиер лигата се враќа во Чемпионшип дивизијата