Утрински Весник
Спорт

Калу поради сопругата се сели во Бразил

Калу поради сопругата се сели во Бразил

Поранешниот фудбалер на Челси Саломон Калу кариерата ќе ја продолжи во Бразил. Напаѓачот од Брегот на Слоновата коска потпишал едно годишен договор со Ботафого.

Саломон Калу по шест сезони ја напушти Херта, откако клубот реши да се раздели со него бидејќи не ги кршел мерките за заштита од коронавирусот.

Калу решил да ја прифати понудата од Бразил поради сопругата која е Бразилка.

Во Ботафого соиграч ќе му биде уште еден играч кој остави длабока трга во европскиот фудбал, Јапонецот Кеисуке Хонда.

Во кариерата Калу играл во Феенорд, Ексцелзиор, Лил и Челси. Со „сините“ од Лондон ја освои Лигата на шампионите.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра