Утрински Весник
Спорт

Калиниќ се договорил со Валенсија

Калиниќ се договорил со Валенсија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Никола Калиниќ наредната сезона ќе го носи дресот на Валенсија, тврди специјализираниот кошаркарски портал „Јурохупс“.

Калиниќ изминатите пет сезони играше во Фенербахче, а претходно беше играч на Црвена звезда и Раднички од Крагуевац.

Српскиот репрезентативец се поврзуваше со Макаби од Тел Авив, но според порталот „Јурохупс“ ја сменил одлуката во последен момент и наместо две години во Израел решилда ја прифати понудата од Шпанија. Со Валенсија тој ќе потпише едно годишне договор.

Калиниќ ќе биде четвртото засилување за Валнесија. Претходно со клубот договори потпишаа Мартин Хермансон, Дерик Вилијамс и Клемент Препелич, а клубот ги продолжи договорите со Фернандо Сан Еметерио, Лабериј, Ван Росом и Тоби.

Никола Калиниќ минатата сезона во Евролигата имал просек од 6,6 поени, 2,5 скока и 1,7 асистенции по натпревар.

> Калиниќ се договорил со Валенсија <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место