Утрински Весник
Македонија

Десет скопски општини имаат троцифрен број на заразени лица со коронавирус

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјава

Во Скопје во моментов има 1.837 активни случаи на коронавирус.

Според последните податоци, најголем број од заразените се од Чаир – 284, Понатаму, Гази Баба – 202, Аеродром – 171, Центар – 151, Карпош – 146, Бутел – 139, Кисела Вода – 123, Сарај – 116, Ѓорче Петров – 113, Студеничани – 109, Шуто Оризари – 97, Арачиново – 32, Илинден – 21, Петровец – 20, Чучер Сандево – 12, Сопиште – 13, Зелениково – 12.

Седум од активните случаи се странци, а нераспределени се 69 лица.

Вчера беа регистрирани 164 новозаразени и пет починати на целата територија.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.786, бројката на оздравени пациенти е 4.676, на починати е 406, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.704.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

МВР со засилени контроли во 66 угостителски објекти и казина – приведени лица, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа