Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Каков татко, таков син – Јунајтед се заинтересирани за Шмајхел

Каков татко, таков син – Јунајтед се заинтересирани за Шмајхел
Img 7972

Манчестер јунајтед сериозно размислуваат да го донеста на „Олд Трафорд“ Каспер Шмајхел од Лестер како замена за Давид де Хеа следната сезона, тврди британскиот „Сан“, со што Данецот би станал втор од неговото семејство кој застанал помеѓу стативите на славниот клуб по татко му Петер.

33-годишниот Шмајхел има уште три години од својот договор со „лисиците“, но би бил ефтина опција за Јунајтед во споредба со 27-годишниот Јан Облак од Атлетико, кој има клаузула во својот договор од над 110 милиони евра.

Според „Сан“, Оле Гунар Солскјер ја загубил довербата во Де Хеа по лошата сезона, а исто така смета дека 23-годишниот Дин Хендерсон, нивни голман кој игра на позајмица во Шефилд јунајтед не е подготвен за задачата.

Од друга страна, Шмајхел се покажа како сигурна опција на голот на Лестер во шампионската сезона од 2016 и во текот на пласманот во четврт-финалето на ЛШ пред три години. Со седум години искуство на голот на данската репрезентација, тој може да биде совршен за плановите на Солскјер.

> Каков татко, таков син – Јунајтед се заинтересирани за Шмајхел <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица