Утрински Весник
Спорт

Каков мајстор е Пандев, 13 пати ја допре топката, запиша гол и асистенција

Каков мајстор е Пандев, 13 пати ја допре топката, запиша гол и асистенција

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, повторно е тема во фудбалските кругови. Ветеранот, против Аталанта, уште еднаш потврди дека класата е вечна.

Пандев, против екипата од Бергамо, одигра само во второто полувреме. Влезе на теренот при резултат 0:3 и малку недостигаше да режира неверојатен пресврт на Џенова.

Пандев во 67.минута постигна гол од пенал, 101 за него во Серија А, а во 85.минута му асистираше на Шомуродов кој го постави конечниот резултат 3:4.

Каков играч е Пандев покажува статистиката, забележа гол и асистенција иако имаше само 13 допири со топката.

SofaScore графика за Топспорт.мк

> Каков мајстор е Пандев, 13 пати ја допре топката, запиша гол и асистенција <

Можете да прочитате

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место

Хрватска се намачи за да ја совлада Грузија

„Сантијаго Бернабеу“ ги исвирка играчите на Реал Мадрид