Утрински Весник
Македонија

Казни за 90 возачи во Скопје, 18 за брзо возење

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 90 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 18 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

dobivaj vesti na viber

Изречени биле и четири казни за возачи почетници, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, една мерка за минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за неносење на сигурносен појас.

Засилените акциски контроли продолжуваат, најави полицијата и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Зајкова: Уште колку жени ќе убие молкот?

Вонреден инспекциски надзор во ЦСР Скопје по вчерашната трагедија во Карпош

Апасиев: Итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа