Утрински Весник
Македонија

Казни за 41 технички неисправни возила што вршат јавен превоз на патници

Казни за 41 технички неисправни возила што вршат јавен превоз на патници

Полицијата вчера санкционира 41 технички неисправни возила што вршат јавен превоз на патници.

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи на територијата на цела држава спроведе зајакната акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на патници (автобуси, такси комбиња и други).

Притоа, биле откриени и санкционирани 41 технички неисправни возила, кои биле соодветно санкционирани.

Најголем број од возилата имале неисправни уреди за запирање, а седум не извршиле вонреден технички преглед.

„Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Жителите на Трубарево се жалат со отежнато дишење и стегање во градите по пожарот

ВМРО-ДПМНЕ: Судството не суди согласно закон и со цел постигнување правда, уште еден доказ за тоа е Васил Јованов

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ го запре растот на платите во здравството