Утрински Весник
Македонија

Казни за 194 возачи во Скопје

Казни за 194 возачи во Скопје

Во вчерашната полициска акција на територија на град Скопје биле изречени вкупно 194 казни, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол, 29 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, девет санкции за технички неисправни возила.

Изречени биле и 71 казна за недавање предност на пешаци на пешачки премин, две мерки за возач почетник, девет санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Приведен дрвокрадец од село Мартолци, Општина Чашка

Стојаноски: Како мнозинство, ние сме први кои што сакаат да се расчистат немилите случаи и трагедии

СДСМ има совет за Сиљановска: Имате доволно години и искуство да не го слушате вашиот водач Груевски