Утрински Весник
Македонија

Казни за 149 возачи во Скопје, 47 за брзо возење

354 санкциии за возачи во Скопје

Вкупно 149 казни се изречени вчера на територијата на град Скопје поради сообраќајни прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

За непочитување на брзина на движење казнети се 47 лица, 18 добиле казна за возење без возачка дозвола, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

„Изречени се пет санкции за користење на мобилен телефон, седум за возење под дејство на алкохол, четири за некористење сигурносен појас и 23 мерки за непрописно паркирани возила“, информираат од МВР.

Додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Во Аеродром оштетено возило од заталкан куршум

Скопјани се жалат на мирис и на чад: Мерна станица покажа „нездрав“ воздух

Левица: ДПМНЕ ветуваше крај за паушалните сметки – ЕВН и натаму фактурира по претпоставка