Утрински Весник
Македонија

Казни за 141 возачи во Скопје, 32 возеле над дозволената брзина

209 санкционирани возачи во Скопје, 53 за брзо возење
Dik 300x250 mk

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 141 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 32 казни, 26 мерки за возење без возачка дозвола, две мерки за минување на возила на црвено светло, две мерки за прекршоци што ги направиле пешаците, две за возење под дејство на алкохол, седум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за користење на мобилен телефон, четири мерки за прекршоци што ги направиле возачите на моторцикли, 33 казни за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово