Утрински Весник
Македонија

Казни за 12 лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Казни за 12 лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 12 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетите го сториле кривичното дело не почитувајќи ја Одлуката за забрана и за посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие биле затекнати како се движат на различни локации за време на полицискиот час.

-Јавното обвинителство на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да изрече парични казни од по 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност., наведува Обвинителството. хс/са/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владиниот авион најчесто летал за Будимпешта – Николовски меѓу најчестите патници

Стотици кичевци без дом, сместени во спортска сала

Воена вежба со маневарска муниција утре на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро