Утрински Весник
Македонија

Казни за 11 лица заради прекршување на полицискиот час во Битола

МВР: Седумдесет и едно лице не го почитувало полицискиот час, приведени 55 лица

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Битолското јавно обвинителство до Основниот суд Битола поднесе  предлози за издавање на казнени налози за вкупно 11 лица, поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Обвинетите не се придржувале кон мерките за ограничување на движењето, па иако не поседувале соодветни дозволи за движење, биле затекнати надвор од нивните домови за време на полицискиот час.

Јавното обвинителство предложи на сите обвинети да им бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба да биде определена во износ од 20 до 30 евра во денарска противвредност.са/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Утре состанок со опозициските партии за усогласување на ставовите за Изборниот законик

Машко лице најдено починато во стан во Аеродром

Сопственикот на „Baking Bread“ ги демантира гласините: Нема да бараме ниту денар од осигурување