Утрински Весник
Македонија

Казни за три лица од Радовиш за непочитување на полицискиот час и мерката самоизолација

Нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Радовиш денеска поднесе предлози за издавање казнен налог против три лица обвинети дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, двајца од обвинетите спротивно на Одлуката на Владата на РСМ за забрана и посебен режим на движење со која се забранува движење на населението од 21 до 5 часот, со патничко возило „Цитроен“ се движеле по булеварот „Александар Македонски“ каде биле запрени од полициски службеници од Полициската станица Радовиш. Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по10 евра во денарска противвредност.

Третиот обвинет, откако на 18-ти овој месец допатувал со товарно возило од Грција – земја со среден ризик со зараза согласно Листата на Светската здравствена организација, на граничниот премин „Богородица“ бил запознаен со мерката за задолжителна самоизолација. На 20 март ја прекршил мерката за самоизолација и при извршена проверка од полициски службеници не бил затекнат во неговиот дом. Обвинителството за овој обвинет предложи да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност, се вели во соопштението од ЈО.лв/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Опстојувањето е пркос, не преживување!“ Шестата парада на гордоста

„Страшен е животот што го живееме сега, протестираме и за вашите деца“ потресно сведоштво на татко од Кочани

Oд Словенија стигна донација од 4.070 лепенки за третман на изгореници за повредените од Кочани