Утрински Весник
Македонија

Казни за превозници без лиценци во Скопје

Казни за превозници без лиценци во Скопје

Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје вчера при спроведување на редовна контрола на шлеп служба возила што превезуваат хаварисни и возила во дефект, казниле четворица превозници кои без лиценци вршеле дејност, односно без лиценци од Град Скопје за вршење на овој вид превоз на територијата на градот.

Градот Скопје продолжува со засилен инспекциски надзор со цел сузбивање на дивите превозници за да овозможи почитување на прописите, a инспекторите неселективно ќе ги санкционираат сите превозници што нема да го почитуваат Законот за јавни патишта, соопштија од градот.

Можете да прочитате

Од Србија екстрадиран Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец

Алиу: Денес го направивме еден од најважните чекори за модернизација на македонското здравство

Border bites целодневен настан во сабота во Дојран