Утрински Весник
Македонија

Казни за „дивите тркачи“ на скопските улици

Полицијата во „лов“ на моторџиите кои учествуваат во диви трки по скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 3 август во времето од 07,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат и учествуваат во „диви трки“ на подрачјето на Скопје. Притоа одземени се четири мотоцикли кои ќе бидат упатени на вонреден технички преглед заради контрола на техничката исправност и фреквенција на бучавост, соопшти полицијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Стави појас” – превентивна активност на СВР Тетово

Левица одбележа 10 години постоење

Почина Горан Крстев, поранешен градоначалник на Чешиново – Облешево