Утрински Весник
Македонија

Казнети 94 возачи во Чаир

Казнети 94 возачи во Чаир

Полицијата за еден ден казни 94 возачи во Чаир, од кои 11 биле без возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Во Чаир казнети се 94 возачи, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11,, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум за користење мобилен телефон. Изречени се осум казни за минување на црвено светло и шест за непрописно престројување.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Не излегувајте доколку немате потреба, топлиот бран од Африка продолжува

Александар Саша Димитријевиќ и Александра ја крунисаа љубовта

Се зголемува фреквенцијата на ГП “Блато” кај Дебар, само вчера за минале над 7,4 илјади патници