Утрински Весник
Македонија

Казнети 879 лица за неносење маска

Казнети 879 лица за неносење маска

Полицијата вчера казнила 879 лица за неносење маска што е законска обврска од 1 мај. Од денеска, пак, маските за должителни насекаде, и во отворен и во затворен простор.

„Во текот на изминатото деноноќие (28/29.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 879 прекршоци“, соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Казната за неносење маска е 20 евра.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ковачки: Целото јавно обвинителство треба да се ,,издига на клоци”.

Мицкоски го правда Фетаи: Уште го учи македонскиот јазик оти се иселил на шест години

Меџити се сретна со американската амбасадорка Агелер: Соработка за заштита и одржлив развој на Охридското Езеро