Утрински Весник
Македонија

Казнети 53 пешаци во Тетово и Гостивар

Казнети 53 пешаци во Тетово и Гостивар

Полицијата казни 53 пешаци во Тетово и Гостивар, 35 поминувале улица надвор од пешачки премини.

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, денеска од 8 до 12 часот, спроведена е акциска контрола за прекршоците шти ги прават пешаците во сообраќајот, односно дали и колку тие ги почитуваат важечките знаци, правила и прописи.

Во Тетово биле констатирани 42 прекршоци, од кои 30 се однесувале на преминување на улиците надвор од обележани пешачки премини. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Санкционирани се и 11 други видови прекршоци.

Во контролата реализирана денеска во Гостивар, санкционирани се 11 пешаци, од кои шест се движеле по коловоз и пет кои преминувале улица надвор од обележани пешачки премини. Санкционирани се и шест други видови прекршоци.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Апелација ги потврди казните за убиствата на Вања и Панче, на Ѓорчевски одново ќе му се суди

ГРОМ: Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци

Николовски: Додека регионот оди напред,  добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место