Утрински Весник
Македонија

Казнети 402 возачи и 33 пешаци во Скопје

Казнети 402 возачи и 33 пешаци во Скопје

Полицијата за еден казнила 402 возачи во Скопје за разни прекршоци како и 33 пешаци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 402 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола казнети се 49 лица, 47 возачи се казнети за технички неисправни и нерегистрирани возила, а за управување под дејство на алкохол казнети се пет возачи.

Вчера полицијата казнила и 33 пешаци, а напишани се и 70 мерки за непрописно паркирани возила и 29 санкции за неносење заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор

Ѓорѓиевски откри: Три од четирите сензори на жичарницата на Водно не функционирале