Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 339 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола казнети се 22 лица, а за пречекорување на дозволената брзина на движење казнети се 108 возачи.
За технички неисправни и нерегистрирани возила казнети се 16 возачи. Исто така, казнети се и седум мотоциклисти, изречени се 73 мерки за непрописно паркирање и 84 казни за неносење на заштитна маска.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.