Утрински Весник
Македонија

Казнети 255 возачи вчера во Скопје

(Видео) За еден час казнети 60 возачи во Струмица
Dik 300x250 mk

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје, изречени се вкупно 255 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење 58 прекршоци, 13 технички неисправни и нерегистрирани возила и 4 мотоциклисти. Изречени се 86 мерки за непрописно паркирање и 68 возила подигнати со „пајак“, 25 санкционирани пешаци и 26 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца